По завршувањето на денешната средба на СОНК и МОН на која присуствуваше и премиерот Заев, министерот Арбен Адеми, изјави дека се на добар пат да постигнат решение.

Адеми истакна дека дека се разгледуваат сите решенија коишто се во согласност со можностите на владата и министерството, но не откри детали за можно прифаќање на сите услови на Синдикатот на просветните работници.

Напредокот во преговорите го потврди и првиот човек на СОНК, Јаким Неделков, додавајќи дека по спротивставувањето на аргументите од двете страни има уште работа.

Неделков најави дека следната недела ќе има уште неколку средби меѓу Синдикатот и министерството, на кои се очекува да се постигне договор. Тој го повтори ставот дека СОНК не отстапува од барањето – зголемувањето на платите да стапи во сила од 1 јануари 2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.