Поранешниот министер за образование Арбр Адеми за емисијата „10 минути“ на ТВ 21 изјави дека до последната минута како министер  се ангажирал за начинот на организирање на наставниот процес.

Не ја разбирам причината зошто ја презема улогата на дежурен провокатор кон ДУИ и во овој случај кон мене. До последниот ден, минута додека раководев со МОН максимално бевме ангажирани за квалитетот на образованието и начинот на организирање и реализирање на наставниот процес и за учебната година која почнува денеска, рече Адеми, со што му се обрати на потпретседателот и пратеник на СДСМ, Мухамед Зекири, кој го обвини за моменталната ситуацијата во образовниот систем.

Причината поради која учебната година започна со еден месец задоцнување, како што појаснува Адеми, се препораките на здравствените институции настава да не почне на 1 септември и недостигот на законска основа.

Тој напомена дека и во други земји имало проблеми, односно паѓање на системот.

Од УНИЦЕФ имавме подготвена платформа за онлајн настава, која беше за нас без пари. Не е ова што се користи сега. И од ФИНКИ имавме понуда да го градиме истото. Колку што можев да видам, и сегашната платформа е квалитетна. Паѓањето на системот, на платформата не е нешто ново ако ги гледаме и земјите во регионот. И во Хрватска после првиот ден имаше проблеми. Вакви пролеми имало и во други држави. Сегашниот систем е квалитетен, рече Адеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.