Синдикатот за образование, наука и култура и Министерството за образование в понеделник ќе ја одржат следната средба како  последен обид да се договорат за повисоки плати за просветарите.

Јаким Неделков, претседателот на СОНК, рече дека ако в понеделник понудата на министерот за образование Арбер Адеми е несериозна, тоа ќе значи дека синдикатот ќе нема избор освен да повика на генерален штрајк.

Синдикатот бара зголемување на платите за 25 отсто, а не за пет проценти кое е веќе важечко со септемвриските плати. Адеми напомена дека ќе има ново зголемување, но треба да се направи економска анализа за колку и кога ќе биде тоа изводливо.

Просветарите веќе организираа предупредувачки штрајк на 2 септември, односно на првиот училишен ден.

Доколку договор в понеделник нема, одлуката за генерален штрајк ќе се носи до крајот на идната недела. Потоа следува т.н “15-дневен период на помирување”, во кој исто така постои можност да се усогласат двете страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.