Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска информира дека ја следат ситуацијата со грипот во земјава и согласно околностите ќе бидат преземени соодветни мерки, вклучувајќи и можно е пролонгирање на образовно-едукативниот процес.
  На дневна основа ја следиме ситуацијата. Во постојана комуникација сме и со Министерството за здравство и со другите институции. Ќе ја следиме состојбата и согласно со околностите ќе преземеме конкретни мерки, рече Адеми на прес-конференцијата во седиштето на ДУИ. Тој посочи дека во моментот нема нешто конкретно и оти ситуацијата ќе продолжи да се следи.
 Ја следиме ситуацијата и доколку е потребно, можно е да имаме пролонгирање на образовно-едукативниот процес, зависно од заклучоците што ќе дојдат од соодветните надлежни институции, изјави Адеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.