Jавното обвинителство упатило барање за помош од Заводот за ревизија за констатирање на одредени постапки кои се вршеле во Специјалното јавно обвинителство во однос на платите и бонусите кои ги добивале обвинителите и дали тие биле согласно законите или спротивно на истите, изјави вечерва новиот државен ревизор Максим Ацевски.

Тој смета дека нема потреба да се врши целосна ревизија на субјект кој веќе не постои и дека нема кому да бидат упатени препораки од она што би било ревидирано.

Се работи за комплексно прашање, кој е ефектот на ревизија на субјект кој не постои повеќе? Кому ќе бидат упатени препораки за субјект кој не постои? Не гледам зошто ова би се ревидирало. Државниот завод за ревизија може да констатира одредени постапки кои можат да бидат предмет на истражување. Доколку надлежните органи имаат потреба од човечки ресурси од заводот за ревизија, ние ќе помогнеме, рече Ацевски во „Топ тема“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.