Осумтемина уставни судии не се договорија да се одлучува за аболицијата на Иванов со која во 2016-та година беа опфатени високи владини и партиски функционери. Судијата Осман Кадриу побара точката да се симне од дневен ред, а за тоа доби поддршка од тројца судии, против беа четворица.
Идентично гласање имаше и за утврдување на дневниот ред, па судијата Јован Јосифовски стана и рече дека без дневен ред нема и седница и ја напушти салата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.