Премиерот Ковачевски и повеќето министри, па дури и Бујар Османи, деновиве трубеа дека Македонија има најевтини цени на горивата во регионот. Ова е скандалозна манипулација и воопшто не кореспондира со реалноста што ја доживуваат граѓаните и домаќинствата, велат од Алијанса за Албанците.

За да се утврди дали цените на горивата се евтини или не, тие треба да се споредат со просечната нето плата на една земја.  Македонија има поевтина цена за центи во споредба со земјите во регионот, но има помала плата која дистигнува до двојно. За споредба, просечната нето плата во Македонија е 486 евра, додека во Босна 515 евра, во Црна Гора 527 евра, во Србија 634 евра и во Хрватска двојно повисока или 962 евра. Според овие официјални податоци, цената на горивото варира од 5 до најмногу 15 отсто или неколку центи, додека просечната плата варира од 30 отсто до 100 отсто или стотици евра, посочуваат од таму.

За да имаме појасна вредност на цената на горивата и просечната плата, потсетуваме дека во Македонија со просечна нето плата може да се купуват 342 литри дизел, додека во Бугарија 456 литри, во Србија 409 литри, во Грција 655 литри и во Хрватска 656 литри дизел. Алијансата за Албанците ја повикува Владата уште еднаш итно да ги намали акцизата и ДДВ-то за горивото и да стави крај на грабежот на граѓаните во услови на криза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.