Алтернатива и Алијанса за Албанците сметаат дека Владата и Министерството за здравство продолжуваат да се однесуваат несовесно во справувањето со пандемијата и тоа резултира со голем број смртни случаи од ковид-19 и други здравствени и материјални штети.

И покрај значителното намалување на бројот на заразени, бројот на смртни случаи останува голем. За споредба, додека во Македонија во текот на април просечниот број на заразени бил 728 на ден, во Косово бил 472, а во Албанија овој број бил 189 заразени на ден. А кога се споредуваа стапката на смртност, додека во Македонија во април просекот бил 37 смртни случаи на ден, во Косово тој број бил 13, а во Албанија имало 5 смртни случаи на ден“, велат од АА и А.

Според нив бројките покажуваат дека вируленцијата на вирусот е значително намалена, што, како што велат, е добра вест и како второ дека Владата е небрежна кон пациентите со ковид-19, што, заклучуваат, е лоша вест. Друго објаснување, како нашата земја повторно останува со толкава стапка на заразени и, особено, на смртни случаи, нема.

Од Алтернатива и Алијансата бараат некој да понесе одговорност.

Во нормални околности, овие бројки значат не само оставка на министерот за здравство, туку и на премиерот, но знаејќи дека оваа влада не го познава поимот одговорност, се подразбира дека дури и овие бројки не се загрижувачки за нив, се додава во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.