Алијанса за Албанците најавува жалба до сите правни инстанци на пресудата со која Абдулфета Алими е казнет до 7 години затвор за настаните од 27 април.

Иако во демократска земја не се коментираат одлуките на судот и пресудите, сепак Северна Македонија е многу далеку од демократијата и правдата. Казнувањето со 7 години затвор на Абдулфета Алими, кој е познат како единствениот човек што го спаси животот на лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ноќта на 27 април, за нас, претставува тенденција за да се амортизираат другите казни на организираната група однапред проектирајќи и реализирајќи удар врз Собранието, врз пратениците и, пред сѐ, физичката ликвидација на Зијадин Села, реагираат од Алијансата за Албанците.

Нелогично е и бесмислено Фета Алими да се товари за тероризам и тој да се изедначи со групата што тепаше пратеници во Собранието на РСМ. Фета Алими во овој судски процес се третира како жртва со која се обидува да се зачува етничкиот баланс кон преостанатите казнети лица и кои јавноста ги знае како нарачатели и извршители на настаните од 27 април, се вели во соопштението.

Според АА, Фета Алими денес требало да биде награден од државата, зашто спасил човечки живот, и тоа на пратеник и лидер на народот како што е Зијадин Села ставајќи го во опасност сопствениот живот, а не да биде осуден на 7 години затвор и да се изедначи со оние кои „ги видовме на телевизиските екрани како ги удираа со тврди предмети пратениците на кобната вечер од 27 април“.

Изразуваме длабоко жалење за политичкото и правното казнување со 7 години затвор на Абдулфета Алими и предупредуваме дека ќе ги искористиме сите правни инстанции за да ја докажеме неговата невиност, велат од Алијансата за Албанците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.