Сè уште немаме конкретна понуда од извршната власт за можно вклучување во Владата, но доколку добиеме каква било понуда ќе составиме конкретна платформа со барања, како одговор до извршната власт, велат од Алијансата за Албанците.

Сè уште немаме конкретна понуда, ниту разговори. Има сигнали, сте ги слушнале и самите владини претставници дека се заинтересирани. Но, доколку дојде до некакво барање или предлог за наше вклучување во Владата, ќе составиме конкретна платформа, владејачка програма со точки кои ние цениме дека се важни за граѓаните и државата и ќе ги презентираме како одговор. Доколку се согласат да ги направат тие промени, проекти, напредок, ќе го разгледуваме преземањето одговорности, а ако не, тогаш ние не сме за други пазарења, потенцираат од Алијансата за Албанците.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.