АХМЕТИ: ПРЕГОВАРАМЕ СО ЗАЕВ ЗА НОВА ХИМНА И ЗНАМЕ.
Нека биде некоја песничка за природата, нешто зелено и течно, лесно разбирливо, ако може и Хасан Приштина и УЧК да се вметнат.
Знамето, лесно е, под сонцето, зелена ливада.
А убаво не израдува Зоки дека ДУИ ја напуштиле етничката агенда – вака аналитичарот Ивор Мицкоски ја коментира изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека со премиерот Зоран Заев преговарале за промена на химната и знамето.

Тој вчера во емисијата „Клан дебата“ откри дека со лидерот на СДСМ и коалиционен партнер Заев на маса веќе ги ставиле знамето и грбот на Македонија, а нова химна е само прашање на време.

Се разговарало и за химната и за грбот и за знамето. Овие се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договор помеѓу Македонците. Што се однесува на химната, се разговарало и нема којзнае какво противење и тоа е повеќе прашање на време и мислам дека може да се разговара без резерви, рече Ахмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.