Елка Јачева-Улчар, професор од Институтот за македонски јазик реагира на изјавите на одговорните лица дека поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристоски, сами ги предизвикале инцидентите во притворот во Шутка, во кои беа претепани.

А, може па и сам себе го убиле! Добро, бе луѓе што ви е? Еве, признавам глупа сум, па ве молам да ми нацртате:

1.Еднаш порано една полицајка сама се беше удрила во пајак?

2.Денес овие двајцава претепани сами си биле виновни, според директорот на затворот, што биле претепани.

Сакаш да кажеш, друже директоре, оти овие двајцава се мазохисти па се самоповредувале?

Кажи, животати, бар полесно да заспијам оти ја се досега хедонисти ги мислев!

А бе ова ни на онај другарот на Миле не му текна! Аман!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.