Како голем пријател на земјата, Франција покажува силна поддршка за нашите аспирации за брз почеток на преговорите со ЕУ и е значаен поддржувач на реформските процеси за изградба на систем на владеење на правото, како и за унапредувањето и заштитата на човековите права, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ на средба со францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние.

На францускиот амбасадор Тимоние кој е во заминување, министерот Маричиќ му се заблагодари за посветеноста и личното учество во постигнувањето на најдобриот можен исход на реформскиот пат.

Како што соопшти Министертсвото за правда, изразувајќи очекување за продлабочување на соработката, Маричиќ истакна дека земјата се наоѓа во исклучително важен период непосредно пред одржувањето на првата меѓувладина конференција и официјалниот почеток на преговорите со ЕУ, период во кој интензивирано ќе се посвети на реформите во делот на владеењето на правото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.