Премиерот Зоран Заев за само 24 часа повторно го смени ставот за тоа дали Владата ќе продолжи со имплементација на Договорот од Преспа во услови кога Македонија не доби датум за почеток на преговорите за членство. Прашина крена изјавата на премиерот за „Еуроњус“ каде најави замрзнување во делот за внатрешна употреба.

Постои врска помеѓу спроведувањето на Договорот и отворањето и затворањето на пристапните поглавја. Особено за внатрешна употреба во некои случаи. Постои врска, затоа што нашите грчки пријатели прифатија дека можеме да го сториме тоа заради иднината што Северна Македонија има со Европската унија. И во овој контекст, Договорот од Преспа не може да се спроведе – рече Зоран Заев за „Еуроњус“.

 Денеска пак Заев „пее“ друга песна.Намерата е вели премиерот, да испратиме порака недвојбена дека Преспанскиот договор својата имплементација треба да ја доживее до крај.

Видов вчера одредени реакции, дури и од грчката страна, за моето интервју дадено на „Еуроњуз“. Дефинитивно одиме со имплементација со Договорот од Преспа. Можеби зборот „замрзнат дел“ е претежок, но дефинитивно намерата е да го појасниме што значи договоро, таму се вградени поглавјата. Ние не случајно во тој аспект дури и грчката и нашата страна ги имаме вградено заради тоа што мора да биде поттикнувачки стимулативно и за граѓаните на Република Северна Македонија, во неговата имплементација. Успешно ги завршуваме оние забелешки кои што стигнаа од грчка страна, па дури и сами ги увидовме со сите активности кои ги тераме. Секако очекуваме и грчката страна да направи конкретни чекори, таму има обврски за промена на таблите и одредени други работи, рече Заев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.