Си обезбеди ли Зоран Заев 90 дена мир или се пресмета? Дали Уставот е на негова страна или не? Уставот вели дека откако ќе им се изгласа доверба на Владата, 90 дена не смее да се покренува нова постапка за гласање на доверба, но кога тоа ќе го побараат најмалку 20 пратеници.


Член 92 од Уставот се вели: „Доколку довербата се постави од 20 пратеници член 92 и владата опстане тогаш не може во рок од 90 дена било кои пратеници да бараат повторно гласање за довербата на владата“.

Член 93 од Уставот предвидува деја може да се гласа доверба по барање на самата влада, но не е наведен рок кога повторно може да се гласа доверба.

Судејќи по член 93, 20 пратеници можат да поднесат повторно барање за гласање довербаво било кое време и таквата точка треба да се најде на дневен ред.

Дали Заев денеска успеа да направи циркуз за дваесетина дена мир?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.