Венко Филипче се смее на митинзите на СДСМ, но бројките на починати од КОВИД-19 во Македонија воопшто не се за смеење. Вчера е срушен уште еден неславен рекорд. Трети сме во светот по смртност од КОВИД-19. Над 7.000 наши сограѓани го изгубија животот од КОВИД-19 – порача Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека дури 10 градови во државата бројат помалку од 7 илјади жители. Вели досега во Македонија има 7.019 починати од КОВИД-19. Тоа е повеќе од бројот на жители на дури 10 градови.

Демир Хисар има 2.593 жители, од КОВИД-19 починале 7.019, или скоро 3 населени места како Демир Хисар. Демир Капија има 3.275 жители, од КОВИД починале луѓе колку две населени места со големината на Демир Капија. Пехчево има 3.237 жители, односно два пати помалку од бројот на починати од КОВИД-19. Македонски Брод има 3.740 жители, двојно помалку од бројот на починати од КОВИД-19. Валандово има 4.402 жители, за време на пандемијата исчезнало цело населено место 1.5 пати поголемо од Валандово. Македонска Каменица има 5.147 жители, а од КОВИД починаа 7.019 луѓе. Одамна изгубивме град поголем од Македонска Каменица како последица на КОВИД-19. Крушево има 5.330 жители, а од КОВИД-19 починаа 7.019 жители до денес. Богданци има 6.011 жители, или за 1.000 помалку од бројот на починати од КОВИД-19. Кратово има 6.924 жители, и цело едно Кратово исчезна во оваа пандемија. Од пред неколку дена бројот на починати од КОВИД-19 го надмина и бројот на жители на Берово, кое брои 7.002 – посочи Попов.

Тој потенцираше дека овие 7.019 луѓе кои починаа од КОВИД-19 можеле да бидат спасени ако Заев и Филипче беа одговорни и се грижеа за здравјето на луѓето, а не за своите провизии, кои сакаа да ги наплатат дури и преку вакцини.

Овие 7.019 починати луѓе одат на директно на совеста на Заев и Филипче. Заев и Филипче никогаш повеќе – додаде Попов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.