Околу 40 студенти се од шеста година по општа медицина помагаат во изработка на анкетните листови во Институтот за јавно здравје, во Државниот санитарен инспекторат и во Центарот за јавно здравје во Скопје. На овој начин ќе ја реализраат и клиничката практика по јавно здравје и ќе им биде признаен стажот.

Во наредните недели, согласно потребите, дополнителен број на студенти ќе бидат распределени и во центрите за јавно здравје низ земјава. Сите тие ќе помагаат во изработка и внесување на податоците од анкетните листови на контактите на ковид позитивните пациети, велат од Министерството за здравство.

Пронаоѓањето на контактите и нивна изолација е ден од најголемите предизвици со кој непрекинато се соочуваме. И за ова ни е потребна помош. Учеството на студентите е непроценливо голем придонес сега и во периодот кој ќе следи.Од друга страна, овие работни задачи ќе им понудат на студентите непроценливо искуство во сферата на епидемиологијата и јавното здравје, вели министерот за здравство Венко Филипче кој денеска ги посети.

Студентите се вклучија во овој проект по средбата на министерот со деканката на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. Соња Топузовска на која беше договорено ангажманот да трае шест месеци, а студентите освен што ќе стекнат искуство, на овој начин ќе ја реализраат и клиничката практика по јавно здравје и ќе им биде признаен стажот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.