Моментално околу 40.000 ученици не ја поседуваат потребната технолошка опрема за настава на далечина, поради што ќе им бидат достапни снимени материјали од часовите кои ќе се емитуваат на националната телевизија.

 Се предвидуваат 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Македонската телевизија, на посебни канали кои се обезбедени, за да може секое дете да има пристап до наставните материјали. Дополнително, училиштата ќе имаат обврска да ги испечатат потребни материјали и да се достават до секое дете преку родителите, а потоа да се вратат назад за да се оценат – истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во одговор на новинарско прашање.

Националната платформа за онлајн учење која треба да се користи од 1 октомври кога почнува новата учебна година во Македонија обезбедува учење на пет јазици: македонски, албански, турски, српски и бошњачки. Платформата денеска беше презентирана во Владата, на прес-конференција на која присустуваа претседателот на Владата Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.