Пациентот кој вечерва ќе ја кренеше Клиниката за пулмологија во воздух е на 33-годишник од Тетов, кој бил на кислородна поддршка како терапија за хронична болест, дознава „Телма“. На клиниката нема пациенти кои се болни од Ковид 19.

Како што информираше Министерството за здравство, пациент сместен во соба за кислородна поддршка на Клиниката за пулмологија во Скопје вечерва ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара, при што дошло до пожар поради проток на кислород во собата и тој се здобил со помали изгореници на лицето и градите.

Во соопштението се посочува дека дежурниот медицински пероснал брзо реагирал и дотокот на кислород навреме бил исклучен, со што била спречена експлозија.

Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а во болничката соба оштетен е мал дел од подот, се додава во соопштението.

Доколку не бил изгаснат системот, пожарот можел да се рашири преку кислородот низ металните цевки кои би се загреале и би предизвикале експлозија.

Експлозијата може да предизвика поголем пламен и зафаќање на предмети на клиниката кои може да изгорат потпомогнати од пуштениот кислород. Ваков епилог е избегнат поради гасење на системот кој што го оставил пожарот без кислород за одржување и ширење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.