Во изминатите десет дена, во рамки на акцијата за прогласување на депониите и ѓубриштата за автентично културно наследство, Центарот за современи уметности (ЦСУ) – Скопје посети над 200 депонии низ цела Македонија. Според сознанијата до кои дојде Центарот, на територијата на државата има преку 300 диви депонии и речиси шест пати повеќе односно над 1500 диви селски буништа и ѓубришта.

Како најзагрозени и најбогати со депонии и ѓубришта од ЦСУ ги посочуваат Полошкиот регион, а зад него Скопскиот и Кумановскиот регион. Најубавите и најразвиените депонии што се истакнуваат со својата диверзитетност и богатство, а едновремено и најдобро го упропастуваа пејзажот ги обележаа со пригодни табли, односно ги прогласија за национално културно наследство.

Интересен е факот дека најголемото ѓубриште е долго преку 30 км и се наоѓа по двата брега на течението на Вардар од Гостивар до Јегуновце каде практично куповите ѓубре, шут, стар мебел и отпад циклично се редат преку 30км а најголемата раздалечина без ѓубре на овој терен е неполн километар.

Во рамките на оваа акција наменета за поддршка на иницијативите кои се борат за справување со ѓубрето и ѓубриштата со пригодни табли беа маркирани 30тина ѓубришта и депонии во Скопскиот, Полошкиот, Кичевско-Охридско-Струшкиот и други региони низ Македонија, велат од Центарот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.