Во последните 24 часа се регистрирани нови 572 случаи на Ковид-19, 30 пациенти починаа, а 694 оздравеле, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Во последните 24 часа се направени 4.511 тестирања, а регистрирани се 572 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во Скопје – 287, Куманово – 58, Кавадарци – 24, Тетово и Кичево – по 21, Велес – 19, Гостивар – 15, Прилеп – 14, Битола, Кочани и Радовиш – по 11, Струмица – 10, Охрид и Струга – по 9, Штип и Свети Николе – по 8, Гевгелија – 7, Неготино, Берово и Валандово – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Виница и Кратово – по 2, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица – по еден.

Пријавени се 30 починати лица и тоа десет починати лица од Скопје (88г, 76г, 74г, 74г, 70г, 67г, 67г, 63г, 59г, 43г), четири починати лица од Гостивар (77г, 71г, 57г и 51г), по две починати лица од Куманово (82г и 78г), Тетово (75г, 58г) и  Кавадарци (69г, 66г), по едно починато лице од Велес (77г), Струмица (82г), Штип (83г), Неготино (98г), Свети Николе (66г), Радовиш (68г), Берово (69г), Виница (77г), Демир Капија (25г) и Пехчево (78г). Од пријавените 30 лица, 27 се починати во болнички услови, а три лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 694 оздравени пациенти. Од Скопје – 340, Куманово – 63, Струмица – 49, Гостивар – 45, Тетово – 44, Дебар – 21, Штип  – 19, Радовиш – 18, Кавадарци и Велес – по 14, Гевгелија и Крива Паланка – по 11, Неготино – 9, Делчево – 7, Кочани и Виница – по 5, Кратово – 4, Свети Николе и Валандово – по 3, Кичево и Берово – по 2, Прилеп, Струга, Пробиштип, Богданци и Македонска Каменица – по 1.

Направени се 4.511 тестови преку: ИЈЗ-304, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-66, ЦЈЗ Прилеп-59, ЦЈЗ Тетово–88, ЦЈЗ Куманово-62, УК Пулмологија со алергологија – 10, Институт за микробиологија–10, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Авицена-277, Биотек-294, Систина-109, лабораторија Лаор-198, Синлаб-28, Ремедика-14, Плодност–52, Генеа-31, Никоб лаб-492, ВФВ Медикал-72, Ели Медика-108, Ројал Медика –20,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.037.  Досега во земјата се направени вкупно 1.229.600 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184.277 бројката на оздравени пациенти е 165.077, на починати е 6.307, а бројот на активни случаи изнесува 12.893.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.