Сашко Гешовски кој беше првата жртва од Македонија во воените конфликти од распадот на СФРЈ, кои избија во Сплит, Хрватска на 6 мај 1991 година.

Убиството на Гешовски остана мистерија, а неговите родители не дознаа како згасна животот на нивното чедо.

На 6 мај  точно во 11 часот во Сплит 1991 година бил убиен Сашо Гешовски. Сашко утрото на 6 мај бил на должноста стражар во командата на Военопоморската област во Сплит.

Почнале протести во кои учествувале повеќе од 30 илјади демонстранти кои прераснале во безредија и престрелки. Еден од куршумите беше фатален за кавадарчанецот. Останува непознато како загина Сашко. Според едни кажувања, тој е убиен од хрватскиот муповец Иван Врдољак, а според други, од негов старешина, поручник на ЈНА.

Семејството Гешовски живее заборавено од државата а во градот нема спомен-обележје, улица или институција со името на Сашко.

Тоа што не знаеме како загина нашиот син уште повеќе нѐ боли“, велат Гешовски, потсетувајќи се на кобниот 6 мај 1991 година. Сѐ уште не можат да поверуваат дека Сашко го нема. „Дојдоа многу политичари да изразат сочувство, но сакав да бидам што повеќе време за последен пат до мојот синвели Цвета, мајката на Сашко.

Сеќавањата на кавадарчани за настанот се уште се свежи и по 30 години. Веста за смртта на Гешовски тогаш беше објавена на телевизија, а во тие моменти неговата мајка Цвета била излезена во градот, да заврши некои обврски, не претпоставувајќи што ја снашло.

Кога ја забележале неколку жени кои само пред неколку минути ја слушнале страшната вест на телевизија, и пришле сред улица, ја прегрнале, и низ плач и раскажале што се случило.

Ноќта, градскиот плоштад беше преполн со луѓе кои палеа свеќи и оставаа цвеќе, а се одржа и протест.


Во конфликтите во СФРЈ загинаа околу 40 македонски војници кои беа во редовите на ЈНА.

И во Сплит денес во 12 часот се одбележа годишнината од смртта на Сашко, пред општинската зграда. Група на негови почитувачи бараат од властите во Хрватска да биде поставена спомен плоча во негова чест. Истото барање го имаа и минатата година.

30 долги години на срам и на образот на сите досегашни градоначалници на Сплит, кои не се удостоија на примерен начин да му оддадат чест на овој млад и невин човек. Тој срам ниту Сашко Гешовски, ниту неговото семејство, ниту граѓаните на Сплит не го заслужија. Можеби новите градски власти ќе имаат повеќе разбирање за невината жртва, па со спомен плоча пред општинската зграда ќе му оддадат почит на Сашко Гешовски – објави денес Марко Гај, кој и минатата година со група на граѓани од Сплит излезе со исто барање кон тамошните власти.

Во конфликтите кои започнаа во СФРЈ загинаа четириесетина македонски војници кои се најдоа во редовите на некогашната ЈНА.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.