По изгласувањето на Законот за јавното обвинителство кој беше донесен незаконски со кршење на Деловникот и по распуштањето на Собранието, СДСМ ја почна предизборната кампања и за денеска организира марш во „име на правдата“.

Маршот треба да почне во 18 часот кај Собранието, а потоа да заврши до Судот, за да се упати порака дека граѓаните немаат доверба во судската власт. Малку иронично, бидејќи СДСМ предводи марш за да ја пренесе перцепцијата на јавноста за истатата онаа судска власт која со години, или не отвора предмети за криминалите на поранешинот премиер Зоран Заев и за високи функционери на актуелната власт, или ги ослободува од кривична одговорност, објави Нетпрес.

Според информации на „Нетпрес“, околу 30 илјади административци се притискаат да одат на маршот на Заев во Скопје. Не се исполнети предвидените квоти на партијата, што предизвикува нервоза во СДСМ.

Се притискаат луѓе преку подрачните единици на Министреството за земјоделие, општините како и подрачните единици на дригите министерства.
Заканите одат до таму, што вработените се заплашуваат со бркање од работа, дисциплински постапки. Такви случаи се забележани во Куманово, Охрид, Битола, Струмица, Штип.

Ова се фотографии од Штип, каде што може да се забележи како на граѓанитетреба да дојдат на маршот, им се носат сендвичи и вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.