Одново сме пред голем предизвик, овој пат судбоносен за иднината на нашата земја. И има две работи кои се јасни. Првата, никогаш нашиот народ не живеел потешко време, и втората – ќе паднат! Ќе бидат поразени од народот, а ВМРО и народот ќе победат, а така ќе победи Македонија. А ова е тоа финале кога мора да се испорача цехот, цехот на сите неправди, прогони, ужасувања, за сите лаги и измами, за потта која остана неплатена, за сиромаштијата и тешкото време кое го донесоа.

Со овие зборови денеска од Прилеп претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја најави борбата на македонскиот народ во периодот кој претстои.

Со кренати глави велиме победуваме, а потоа ќе ги засукаме ракавите за нашата заедничка иднина, порача Мицкоски.

Мицкоски се осврна на значењето на ВМРО.

ВМРО не е само нашата партија, тоа е кодот на Македонецот. Организацијата која во историјата ѝ ги даде најдобрите синови и ќерки на нашата земја. Чувар на огнот за Македонија веќе 126 години, од кои 29 години таа битка ја води ВМРО-ДПМНЕ и таа челична пркос која во историјата поместуваше планини, тој труд кој создаде обврзаност кон каузата, тоа постојанство кое донесе слобода. Таа обнова која денес ѝ треба повеќе од било кога на Македонија, за да се препороди, развие, за да изградиме здраво и витално општество. Гоце Делчев велеше „трудот и постојанството, тоа е силата со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива“, рече тој.

Сепак, рече Мицкоски, за победа, потребна е работа и постојаност. Тој потсети дека работата ги движи процесите и дека без работа нема напредок.

Опиеноста, мрзеливоста, комодитетот не носат успеси, тие се аноалии, и тие ги оставаме на нашиот политички противник. Ние сме за работа. Нас не не плашат непроспани ноќи, жртвување на слободното време и посветување на татковината, не не плаши потта која треба да ја пролееме. Не, нас не инспирира можноста заработа, ние смело ја очекуваме. Постојанството за кое говореше Делчев, постојаноста е извонредно битна, и значи пред се да бидеш стабилен, да не лажеш, да не говориш измами, да не нудиш лажни очекувања на народот за потоа да не ги исполниш и мува да не те лази за тоа, како што прави арамиската влада. Постојанството значи да бидеш горд на своите предци, на нашите херои, на идејата и делото на организацијата, на македонизмот кој е дел од нашата душа. Да бидеш постојан и во работата, постојан во грижата, постојан во бранењето на националниот интерес. Постојанството значи и да постоиш, и да опстоиш како Македонц, како слободни индивидуи со почит кон свото постоење и минато. 23 Октомври е датумот со златни букви испишан во нашата историја, и таа сила, труд и постојанство денес одново не крева за да ја донесеме обновата која насушно ѝ треба на Македонија. 23 Октомври е инсипирација, но и потсетник колку е скапа слободата која е издвојувана, но и колку треба да ја чуваме Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.