22-годишната пациентка која [што вчера почина од компликации предизвикани од Ковид 19 имала дијабет и хипотироза веќе била примена со мртов плод, вели директорката на ГАК Викторија Јовановска.

Таа е дојдена на Клиниката на 23 ноември по трет пат. Предходно доаѓала, но одбивала да биде хоспитализирана во делот на ковид позитивните пациенти, односно суспекните случаи иако имала негативен тест. Но, нашата лабараторија покажува дека таа била ковид позитивна бидејќи ги имала симптомите. На 23 ноември била примена со мртов плод и лош лабараторски наод. Веднаш била префрлена во шок соаба и била породена со царски рез. Таа била во 37 гестациска недела од бременоста, објасни д-р Јовановска.

Таа упати апел до сите пациенти дека треба да ги слушаат советите на докторите кога ќе им посочат дека треба да се хоспитализираат .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.