Поднесен е предлог за отварање стечајна постапка на телевизијата 1ТВ. Предлогот бил поднесен на 13- ти овој месец, а информацијата ја потврдиле и од Основниот граѓански суд, јавува ПресингТВ.

На ден 13.09.2019 година, поднесен е предлог за отварање стечајна постапка заведен под наш СТ-199/19. Предлогот е поднесен од страна должникот. Инаку, телевизијата на првоoсомничениот во случајот Рекет, Бојан Јовановски, пред две недели престана да емитува програма, со што се соочува и со одземање на дозволата, доколку не го продолжи емитувањето во наредните 30 дена, соопштиле од Основниот суд.

Вработените во медиумот кон крајот на јули заминаа на колективен одмор откако Јовановски беше уапсен, но по кратко време се вратија во обид да ја спасат телевизијата. Неофицијално, големите долгови и неможноста да се покријат дури ни режиските трошоци се причината медиумот да престане да емитува програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.