Ако цената е себеодрекување, тогаш одговорот треба да е напуштање на договорот на Заев со источниот сосед и прекин на преговорите, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, споделувајќи старо издание на амеркиканскиот весник „Њујорк тајмс“, во кој е објавена веста за смртта на македонскиот лидер Гоце Делчев.

1903 година „Њујорк тајмс“ по повод смртта на Гоце Делчев објавува „убиен е македонскиот лидер”. 117 години подоцна заглавени помеѓу приказните за тоа дека Бугарите сакале да бидат татковци, братучеди и браќа, Заев ја губи државата. Ако цената е себеодрекување, тогаш одговорот треба да е напуштање на договорот на Заев со источниот сосед и прекин на преговорите, порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.