В петок се очекува да пристигне голема количина на вакцините „Фајзер“, рече министерот за здравство Венко Филипче денеска по одбележувањето на Светскиот ден на крводарителството во организација на Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина. Оваа недела, најави, ќе бидат проследени четири илјади вакцини што ги имаме во моментов и 11 илјади, како што рече, што ќе стигнат денеска. Според него, околу 15 илјади вакцини ќе бидат аплицирани во текот на оваа недела.

Потсети дека во нашата држава има околу 240 илјади вакцинирани граѓани заклучно со крајот на минатата недела, а околу 180 илјади граѓани чекаат во овој момент за вакцинација.

Вакцинирано е население од некаде над 20 проценти од тие што треба да се вакцинираат, ако се исклучат децата, над 50 отсто се вакцинирани граѓани кои имаат над 70 години, околу 33 проценти од граѓаните над 60 години. Повторно ќе кажам, првиот момент ако видиме дека има таков ризик повторно ќе воведеме мерки, рече министерот Филипче.

Додаде дека има доволно количини на вакцини, а имаше, подвлече и минатата недела.

Со истата динамика продолжува и оваа недела. Значајно ќе се зголеми бројката на почетокот на следната недела кога очекуваме да стигнат поголема количина на вакцини, рече Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.