Историјата е е најдобар учител доколку правилно се ползува. Џон Квинси Адамс велеше Потомци, никогаш нема да знаете колку ја чинеше мојата генерација да ја обезбедиме вашата слобода. Се надевам дека добро ќе ја искористите и ползувате… Во нашата Македонија и во нашето Скопје се вградени генерации кои се жртвувале за нашата слобода, но секој еден од нив вградувал и дел од своите надежи, од своите очекувања. Од своите соништа – рече Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Сkопје.

Понатаму тој повика сите да уизлезат на 17 октомври за да се изборат за подобра иднина:

Ние подеднакво имаме долг кон тие генерации кои оставиле трага, но и кон нивните соништа и надежи кои мора да ги реализираме со подеднаква посветеност, но и сите заедно денес создавајќи заедничка нова иднина. А новата иднина се заедничките победи и заедничкиот патриотизам. Тоа се нашата визија и шанса да го извадиме општеството од летаргијата во која е навлезено. Заедничкиот патриотизам го должиме на нашите предци, но и на идните поколенија. Заедничкиот патриотизам е да имаме општество во кое ќе се почитуваме, во кое зборот ќе вреди, во кое ќе има натпревар на идеи и компетенции. Општество во кое политичарите ќе се оттргнат од дамката која ја носат, од кредото кое сега ги осипува како некарактерни крадци на колективните судбини. Заедничкиот патриотизам се работа и проектите кои мора да ги направиме, изградениот пат, новиот парк, светлото и асфалтот кој му треба на Бојан, вистината која му ја должиме на Мухамед.

Затоа да се бориме за иднината. Иднината во која веруваме, таа е надежта за подобро утре, за посигурно општество. За заедничка победа. За надеж која ја заслужуваме. 17 октомври е датумот кој е одговорот на сиот ваш бес, време во кое вие се прашувате како ќе биде наредните 4 години. Затоа ве повикувам на 17 октомври да излеземе сложно, сплотено, како никогаш досега, заедно да победиме! Да гласаме за бројот 7 низ општините, за 82 за новиот градоначалник на Скопје, Данела Арсовска- рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.