Собраниската комисијата за финансирање и буџет денеска или утре ќе биде закажана или свикана за да се дискутира за економскиот пакет закони.

Ова доаѓа како резултат на одлуката на Алијансата за Албанците откако информираа дека ќе ги повлечат амандманите за овоие закони а опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак дека истото ќе го направи за законот за државјанство.

Претседателот на собраниската комисија за финансирање и буџет Тимчо Муцунски само кратко вели дека ќе мора да направи кординација и со пратениците, но и со собранискиот спикер Џафери како и ресорното министерство откако денеска партиите излегоа со ставови дека се спремни да ги повлечат амандманите.

Поради блокадата во Собранието повеќе од 16.000 работници не можат да ги земат февруарската и мартовската плата, а заглавена е и помошта за стопанствениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.