Денеска е 15 септември, денот кој се поврзува со лагите и неисполнетите ветувања на СДСМ. Ова е ден кој е синоним за неуспешните политики, криминалите и лагите на СДСМ, нивните нереални ветувања.

На овој ден на парламентарните избори во 2002 година, СДСМ и Бранко Црвенковски победија врз основа на напумпаните ветувања, дека ќе вработат по еден од секое семејство, дека ќе ја подобрат економијата, ќе остварат напредок за државата, но тоа беше и најголемото разочарување. Ништо од ова не се исполни. Македонија стана рекордер по сиромаштија, невработеност од 38 проценти, над 100 илјади деца надвор од образовниот процес, партиски реваншизам и отпуштања, уништено земјоделие, ниту покачени плати, ниту покачени пензии.

За време на владеењето на СДСМ во Македонија имаше бројни неразјаснети убиства и самоубиства, афери за кои постоеја сомнежи дека се изнесени милијарди долари надвор од Македонија, незамисливо висока корупција во здравството, над 100 000 неписмени граѓани, абројката на невработени се зголеми за нови 150.000 лица.

Денешниот ден е неформален потсетник на генерацијата политичари кои егзистирaат на политичката сцена со сите нивни неуспеси, разочарувања и неостварени ветувања. Многу години подоцна, СДСМ во ист стил како што нивниот учител Црвенсковки ги лажеше граѓаните, и денеска нивните кадри на чело со Заев и Шекеринска се обидуваат со старите трикови од 15 септември да ја продадат „блескавата Северна Македонија“, во која невработеноста е само 17%, се градат километри и километри на нови патишта, здравството е на ниво на Европа, образованието никогаш подобро, платите никогаш повисоки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.