130 милиони евра, пари што ги загуби Македонија од ЕУ-фондовите, државата можеше да ги искористи за капителни проекти, смета лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Медиумите објавија дека Македонија загубила 130 милиони евра од фондовите на ЕУ, не затоа што ЕУ не ги дала парите, туку затоа што Владата и институциите кои ги менаџираат кадрите од владиното мнозинство не ни аплицирале за овие пари.

Овие пари државава можеше да ги искористи за градба на инфраструктурни капитални проекти, патишта, железничко поврзување и редица други зафати кои на економијата ќе и донесеа свежи пари во услови на рецесија, ќе задржеа работни места, вели Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ овие пари ги нема во државава затоа што администрацијата која ја менаџира Заев е неспособна да ги искористи.

А, како би биле способни кога главната дејност на Владата е криминал, лаги и продажба на идентитетот. Владата по принципот “лежи лебу да те јадам” нема да стигне никаде. Впрочем и парите на картичките за поткуп ќе завршат, а што потоа? Потоа, се разбира истиот филм од владата, час лаги, час занимавање со опозицијата и хајки, час продажба на идентитет. На тој филм народот ќе му стави крај. Затоа што работите вријат!, вели Мицкоски.

Медиумите објавија дека Македонија загубила 130 милиони евра од фондовите на ЕУ, не затоа што ЕУ не ги дала парите, туку…

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, 24 December 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.