Околу 120.000 гласачи е разликата во излезноста на овие, во споредба со претседателските избори 2014 година. Статистиката покажува дека на претходните претседателски избори граѓаните на Македонија со право на глас, покажале поголема заинтересираност.

Споредено со резултатите на Државната изборна комисија од 17 часот денеска, и од 17:40 часот на 13 април 2014, својот глас досега го дале 568.110 гласачи, односно 693.091, или изразено во проценти излезноста е 34,52%, односно 41,23 отсто.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.