Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков доби казна затвор од 12 години за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од (УБК).

Мијалков е обвинет дека сторил кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Поранешната министерка за вантрешни работи Гордана Јанкулоска е осудена на четири години затвор.

Поранешниот шеф на кабинететот на Мијалков, Тони Јакимовски е осуден на 6 години.

Поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, кој е во бегство, е осуден на 15 години.

Вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, кој е во бегство, е осуден на 15 години.

Надица Николиќ е осудена на 3 години.

Владимир Варелов од УБК е осуден на две години условна казна.

Маријан Шумуликовски две години условна казна.

Силвана Златкова две години условна казна.

Васил Исаковски две години условна казна.

Валентина Симоновска е осудена на условна казна.

Претседател на судечкиот совет е судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.