Општина Куманово попладнево почна со постапка на аеросолизација во централното градско подрачје, мерка која се презема за намалување на аерозагадувањето.

Аеросолизацијата како метода, веќе е користена на територија на Куманово и дава резултати во намалување на загадувањето на воздухот, напиша на социјалните мрежи кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Во текот на денот, екипите на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило” насадија нов дрворед со платани на улицата „Гоце Делчев” и ги обновија постоечките на „Народна Револуција” и „Бајрам Шабани”. Наредните денови ќе се насадат 250 листопадни садници, платани, јасен, жална врба, 200 зимзелени садници и 300 украсни грмушки на повеќе локации во градот.

Вчера во Куманово аерозагадувањето беше алармантно, мерната станица и апликациите за мерење на квалитетот на воздухот покажуваат дека концентрациите на ПМ10 честичките се стопати пати повисоки во однос на дозволените гранични вредности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.