Мајката на Бред Пит воопшто не ја поднесува поранешната сопруга на нејзиниот син и постојано е со него бурниот развод, пишуваат американските даблоиди. Џејн Ета Пит (80) наводно  ја обвинува Анџелина Џоли дека манипулира со нејзиниот син и не му дозволува почесто да ги гледа децата.

Џејн е тврд орев и никогаш нема да ѝ прости на Анџелина за сето тоа низ што помина нејзиното семејство, посебно поради фактот што послабо ги гледа децата откако Бред и таа објавија дека се разведуваат. Бред ја преколнуваше својата мајка повеќе пати да не се соочува со Анџелина, но таа сака да ја погледне во очите и да ѝ одржи лекција. Таа ја обвинува што го уништи животот на нејзиниот син и сака да добие некои одговори, вели извор за „Радар онлајн“.

Бред за разводот со Анџелина мораше да потроши 100 милиони долари, што на неговата мајка исто така многу ѝ пречело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.