Актерот Зоран Љутков е против смената на директорката на Драмски театар Скопје Викторија Рангелова Петровска.

Претседателот на Владата Зоран Заев ја разреши Рангелова Петровска пред две недели од функцијата. Таа информацијата за нејзината смена ја дозна од прес-конференцијата на Заев, кога беше спомнато нејзиното име во бранот разрешувања кои ги најави претседателот на Владата.

Благодарен сум на трудот на Рангелова што го вложи и како драматург и како директор на театарот. Можеби ова нема да и направи нејзе услуга, искрено, најмногу се противам на изјавата на премиерот за нејзината смена од директорката позиција, кажа денеска Љутков на прес-конфренцијата на која се говореше за премиерата на Драмски театар „Несоодветно за на работа“ претстава која ќе се изведе на 27 јули на „Охридско лето“ во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Рангелова-Петровска уживаше голема поддршка и од актерите и од останатите вработени во театаро. Таа е дипломиран драматург на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а едукацијата ја продолжила со магистерски студии по драматургија во Словенија. Била и асистент по предметот македонска драма и театар на ФДУ и активно партиципирала во научно-истражувачки проекти од областа на театрографија и театрологија во рамките на Институтот за театрологија при ФДУ.  На функцијата директор на Драмски дојде во септември минатата година, кога тогашниот министер за култура Асаф Адеми именуваше дваесетина директори на културни институции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.