Како дел од програмата на „Златна рамка 2020“ в недела на 16 февруари со почеток во 11.30 часот во кино Фросина, ќе се одржи трибина, насловена како „Жената во македонскиот филм“. Во насока на сите заложби за подобрување на статусот на филмските работници, се очекува широка дискусија за улогата и статусот на жените вклучени во сите сегменти на реализација на еден филм. Воведни говорници актерките Наталија Теодосиева и Кристина Леловац, Емилија И. Атанасовска – костимографка, режисерот Даријан Пејовски и актерот Перо Арсовски.

Модератор на трибината е филмскиот критичар Влатко Галевски.
Предизвикот на оваа трибина е да се дадат одговори на бројни прашања како: Колкава е застапеноста на жените во домашната кинематографија, какви биле женските актерски улоги во минатото, а какви се денес, колку во сценаријата авторите ги потенцираат сите идентитети на еден женски карактер, дали во филмската индустрија жените продуцентки заземаат доволно место, колку се почитува пожртвуваноста на актерките во нивната професија…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.