Американскиот кинематографер Ед Лакман, кој ги сними филмовите „Ерин Брокович“ и „Керол“ е првиот лауреат на Златна камера 300 за животно дело на јубилејното, 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што ќе се одржи од 14 до 21 септември во Битола, беше соопштено денеска на прес-конфренцијата во организација на Фестивалот.

Директорката на фестивалот Гена Теодосиевска рече дека Лакман многу се изненадил за високото признание и оти подготвуваат неговото доаѓање во Битола, и останува на тоа тој да потврди кога ќе може да дојде. Теодосиевска најави уште голем број ѕвезди и лауреати за јубилејното издание на фестивалот.

На прес кинфоренцијата беше пуштена и видео пораката на Лакман, кој се заблагодари на наградата и рече дека тоа за него значи уште едно поврзување со неговото источно европско потекло. „Во источна Европа ја најдов уметноста, во Америка животот“.

Лакман е со децении во врвот на американските и светските кинематографери, со неколку филмови оскаровски кандидати, за кои требаше да добие макар еден ‘Oскар’, но заврши со две номинации. Затоа ‘Браќа Манаки’ токму на својот јубилеј му го дава нашиот ‘Оскар’, што апсолутно го заслужи“, вели уметничкиот директор на фестивалот, Благоја Куновски-Доре.

Лакман иако е физички хендикепиран, тој импресионира со својата креативна енергија, од неговите почетоци на стартот на 1970, до најновите три играни проекти, снимајќи по неколку филмови во една година, со над 80 досега.

Тој е еден од ретките кинематографери, кој покрај својата базична вокација, се покажал и како добар режисер потпишувајќи 10 филмови, скоро 20 пати и во улога на снимател на своите филмови. Работејќи со многу режисери, неговиот креативен израз го красат разновидни стилови кои се во зависност од играната или документарната форма, прилагодувајќи се и на креативниот процес и сензибилтет на конкрениот режисер, кажа Куновски – Доре на прес-конефернцијата.

Лакман, со Златната камера, има 41 светска награда, плус 42 номинации. Бил номиниран за Оскар за „Далеку од небесата“ во 2002 и за „Керол“ во 2015, обата филма во режија на Тод Хејнис. Со него го има снимено и „Јас не сум таму“, филмот за Боб Дилан и „Музеј на чудата“ со Џулиен Мур. Меѓу режисерите со кои работел се и Роберт Алтман во „Дружина од преријата“ и Пол Шредер со давата филма „Допир“ и „Спијач на светлината“.

Игор Иванов – Изи, претседател на Друштвото на филмските професионалци рече дека ИФФК „Браќа Манаки“ е најзначајниот проект на ДФРМ и дека четири деценискиот јублеј е навистина импознатна бројка.

Во годината кога славиме јубилеј на фестивалот, а идната година ќе одбележиме 70 години на ДФРМ, може да кажам дека конечно спласнаа сите оние контрадикторности и антагонизми кои во нашата фела беа присути со децении. Сметам дека за целиот конгломерат на институции, почнувајќи од Агенцијата за филм, која сите нас не’ финнсира, ДФРМ како асоцијација на професионалци, образовните институции, се разбира Кинотеката, без која не би можел да се реализира фестивалот и сите останати помали или поголеми институции поврзани со филмот, тука мислам и на филмската критика, почнуваат да дуваат поволни ветришта и дека македонската кинематографија оди во позитивен правец, таа добива сопствен облик и специфика и слика пред светот, со која ќе се претставува во годините што доаѓаат“, рече Иванов.

Тој се заблагодари на директорката Гена Теодосиевска, на уметничкиот директор Благоја Куновски Доре, на Кинотеката на Македонија, на Вардар филм и на Агенција за филм и на Горјан Тозија за она што го прави за ДФРМ и особено за овој фестивал, како столб на филмската дејност.

Иванов информираше дека и оваа година ДФРМ ќе ја додели наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.

И додека сите заедно со Иванов и со Благоја Куновски работевме напорно на оваа издание, паралелно работевме и на други наши соработки, веќе ве известивме дека фестивалот ја доби големата награда на Имаго за особени заложби во областа на филмската уметност. Наш претставник презентираше пет кратки македонски филмови на фестивалот за краток филм во Познањ, Полска и претставивме пет млади режисери. Минатата недела во Данскиот филмски институт претставивме македонски играни филмови од помладата генерација наши режисери и затоа мислма дека овој фестивал прераснува во партнер на европските и светските фестивали што беше и нашата мисија – фестивалот да не биде само прикажување филмови, туку да биде оска на поврзување на нашите филмски автори со европските и светските филмски автори“, рече Теодосиевска.

Таа информираше дека годинава терминот на фестивалот е поместен порано заради совпаѓањето со фестивалот во Сан Себастијан и можноста повеќе филмски критичари и новинари, особено од регионот, да можат да го проследат „Браќа Манаки“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.