На изложбата се застапени Златко Крстевски со слика масло на платно со димензии 80 на 60 сантиметри и Валентина Илиевска со фотографски принт.

На изложбата се претставени уметници и од САД, Португалија, Франција, Холандија, Русија и од други земји, претходно селектирани и одредени од меѓународниот кураторски тим во состав Фред Ван Вили од Холандија, Чанг Хвани и Јо Чонг Јул од Јужна Кореја.

По поставката, делата ќе бидат дел од колекцијата на музејот „Фантапиа М”.

Делата застапени на изложбата во „Чанг Хил Кван арт музеум” се публикувани во специјална уметничка публикација со биографски референци, двојазично, корејски и англиски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.