„Жената што седи покрај прозорецот“ на Пабло Пикасо, која претставува портрет на неговата млада љубовница, од 1932 година, беше продадена на аукција во „Кристи“ за повеќе од 103 милиони долари (85 милиони евра).

Конечната цена на платното беше 90 милиони долари, но со оглед на сите дополнителни плаќања, идниот сопственик на сликата ќе треба да плати 103,41 милион долари. Пред наддавањето, стручњаците ја оценија сликата на шпанскиот уметник – на 55 милиони долари.

Последен пат „Жената што седи покрај прозорецот“ беше ставена на аукција во февруари 2013 година. Тогаш сликата беше продадена за 28,6 милиони фунти (над 33 милиони евра), на аукција на „Сотби“ во Лондон, на неименуван колекционер.

Среде бурниот брак со Олга Коклова, Пикасо се запознал и започнал врска со 17-годишната Мари-Тереза Валтер, која станала инспирација за некои од неговите најбарани скулптури, цртежи и платна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.