Во Музејот на Современата Уметност – Скопје вечерва ќе бидат прикажани два филма на култниот режисер Желимир Жилник: краткиот филм „Мали пионери“ и долгометражниот филм „Убави жени одат по градот“.

Жилник е веќе пристигнат во Скопје и ќе присуствува вечерва на проекцијата и од 19 до 20 часот ќе разговара со присутната публика, која ќе може одблизу да го запознае режисерот. Веднаш потоа почнува проекција на филмовите. Тој во текот на изминатиов викенд се дружеше со своите домаќини од МСУ.

Желимир Жилник е еден од најпродуктивните и најнаградувани режисери од просторите на поранешна Југославија. Неговите играни и документарни филмови од самиот почеток се фокусираат на современи тематики, вклучувајќи социјално и економско преиспитување на секојдневниот живот. За филмот „Рани Радови“ (1969), Жилник доби Златна Мечка на Берлинскиот Филмски Фестивал и три награди во Пула.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.