На 12тото издание на „Загреб џез-фестивал“ ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот ќе настапи со овогодинешниот добитник на наградата „Греми“ за Најдобар џез вокален албум – светската џез-легенда Курт Елинг.

Концертот ќе се одржи на 7 ноември, во 20 часот, во една од најубавите сали на Балканот, салата „Ватрослав Лисински“ во Загреб.

Поканата за настап на „ЗЏМ биг бендот“ на „Загрепскиот џез-фестивал“ стигна по препорака на господинот Оливер Белопета, по што следуваа другите разговори со организаторот на „Загрепскиот џез-фестивал“, Дражен Кокановиќ.

По враќањето од Загреб, бендот продолжува со концерт на музика од Френк Запа, кој ќе се одржи на 1 декември, во салата на Македонска филхармонија, под диригенство на австрискиот диригент, маестро Зиги Фајгл, кој веќе добро ѝ е познат и на македонската публика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.