Во живописната Трпејца на колонијата која се одржа по петти пат, цели четири дена твореа уметниците: Мајкл Клос од Канада, Владисав Богичевиќ од Србија, Петрит Лараку од Албанија и Елена Ѓурѓиноска, Наташа Попоска – Карче, Хава Рецепи , Ѓоко Симјаноски сите од Охрид.

Во понеделникот уметниците им ги откриваа тајните на уметноста на учениците од подрачното ООУ „Наум Охридски“  во Трпејца а имаа средба и со трпејчани и туристи кои овие септемвриски денови се на одмор во селото.

На завршниот ден од колонијата на дружба со уметниците беа и претставнички на Локалниот клуб „Деници“ од Охрид Марија Попоска и Марија Филева – Стоев .

Новата претседателка  Марија Филева – Стоев пред присутните рече: Од мое лично име како годинашен Претседател на Лајонс клуб ,,Деници” – Охрид го изразувам нашето задоволство што ја имавме можноста да бидеме поддржувачи на едно вакво културно збиднување. Честитки до организаторот за посветеноста и ентузијазмот да организира и успешно да реализира една ваква ликовна колонија петта година по ред. Честитки и до уметниците присутни  од земјава ,но и од надвор од границите ,без кои овој настан не би можел да се реализира. Продолжете со Вашето творештво, нека се негуваат уметноста,културата и традицијата,нека дишат преку Вас,бидејќи само така ќе продолжи да дише и нашиот Охрид ! “, рече Филева Стоев.

На завршната средба присуствуваа и вд. директорката на ООУ „Наум Охридски“ од Пештани, Валетнина Рубаноска и одделенската наставничка Ана Пупиноска – Стојкоска.

Во пријатен амбиент со традиционалното трпејчко ѓомлезе уметниците изразија благодарност за поканата  со идеја дел од веќе етаблираната колекција на слики од петте изданија на колонијата наскоро да ги видат и граѓаните на Охрид, Поградец и Ниш.

Колонијата е во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“  и по традиција е под покровителство на општина Охрид.

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.