Големината на книжевно дело на Петре М. Андреевски е во неговата маестрална вештина на локалното и националното да им даде универзални вредности и литературна димензија со што се вгради во светската библиотека на вечните, напиша денеска премиерот Зоран Заев на неговиот профил на Фејсбук.

Петре М. Андреевски почина на денешене ден во 2006 година.

Денеска се сеќаваме на Петре М. Андреевски (25.06.1934 –25.09.2006), нашиот голем поет, романсиер, раскажувач и драмски автор. Големината на неговото книжевно дело е во неговата маестрална вештина на локалното и националното да им даде универзални вредности и литературна димензија со што се вгради во светската библиотека на вечните. Петре М. Андреевски успеа уметничките височини на прозни дела и стихови да ги направи бестселери кај народот. Романот „Пиреј“ и критиката и читателите го прифатија како ремек-дело на македонската современа проза, а стихозбирката „Дениција“ е безвременска химна на космичката љубов, химна за жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам. Двете негови збирки стихови за деца „Шарам барам“ и „Касни порасни“, станаа книги кои се дел од детството на секоја современа генерација, посочува Заев на ФБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.