Вечерва, со почеток од 20 часот во МКЦ (Галерија) ќе се отвори заедничка изложба на Давор Кешќец и Стефан Младеновски.

Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.

Давор Кешќец и Стефан Младеновски се колеги што заедно имаат завршено средно уметничко (оддел графика) и се дипломирани графичари на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Членови се на ДЛУМ од 2020 година. Ова е нивна прва заедничка изложба на која Давор ќе се претстави со серија дела под наслов „Blue moon“, а Стефан со неговите „Ликовни решенија“.
На изложбата ќе може да се видат две сосема различни гледишта кон ликовната уметност.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.