Струшките вечери на поезијата го претставија промотивното видео на овогодишното издание на Струшките вечери на поезијата, под наслов „За мојот југ тагувам, а потоа се создавам “

Инспирирано од јагулата како мотив, но и од симболиката на копнежот по утоката и нејзиното циклично враќање, видеото се надоврзува кон копнежот на Константин Миладинов изразен во најпознатата песна Т`га за југ.

Видеото е во продукција на Зоотроп Студио, по сценарио на Јаков Попоски и креативните решенија на Огнен Танчески, којшто воедно е автор и на графичкиот дизајн и сценографиите на овогодишното издание на Струшките вечери на поезијата.

Музичката подлога на видеото е фрагмент од познатото дело на Сергеј Рахманинов, Прелудиум опус 23 број 5 во G мол. Ова дело, во изведба на истакнатиот македонски пијанист Дино Имери, ќе биде составен дел од пригодната музичка програма во рамки на Портретот на лауреатот што ќе се одржи на 24.08.2019 во катедралниот храм Св. Софија во Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.