Во рамки на 50. Мајски оперски вечери на 11 мај, со почеток во 20.00 ч. втора изведба на операта „Норма“ од италијанскиот композитор Винченцо Белини.
Трагична опера во два чина, една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература, позната по магичната арија-молива на Норма „Casta Diva”.
Под диригентската палка на гостинот од Италија, Енрико Довико, во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценограф и костимограф: Флавио Арбети (Италија), коавтор на костимите: Марија Пупучевска, концерт-мајстор: Верица Ламбевска, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска.
Во насловната улога ќе настапи: Благица Поп Томова, во улогата на Полионе: Ѓорѓи Цуцковски, Адалџиза: Николина Јаневска Оровезо: Иван Томашев (Србија), Клотилде: Марика Поповиќ, Флавио: Дејан Стоев, Деца: Василиј и Стефан Дашиќ. Хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.