Со доделување на наградата „Астер” за исклучителни достигнувања на филмот и ТВ на актерот Данчо Чеврески синоќа во Струмица е отворено четиринаесеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест”.
Заблагодарувајќи се на признанието, Чеврески рече дека најпрвин му честита на основачот и организаторот на „Астерфест”, Горан Тренчовски за напорот кој го вложува во траењето на фестивалот.

Денеска ми се јавија стотина луѓе да ми честитаат за наградадта. Јас мислев дека никој не знае. Ти благодарам Горан, рече Чеврески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.