„Волкот и трите прасиња“, е новата детска претстава на кумановскиот театар, која премиерно ќе беше изведена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, најавија на денешната прес-конференција од установата. Претставата е работена според истоимената приказна, во режија на Бојана Краљевска, а играат Марко Трајковиќ, Нина Максимова, Александра Михајловска и Владанка Крстевски.

Актерите ги повикаа најмладите и родителите да ја видат претставата која преку игри, песни испраќа пораки до најмалите.

Преку претставата испраќаме две пораки до најмладите. Првата дека пријателството е богатство без разлика на различноста, големината. Втората е дека работата секогаш се исплаќа. Двете помали прасенца не го слушаат братчето и на потежок начин ја учат оваа лекција. Приказната има среќен крај, ги учи помалите дека треба да бидат послушни, вели режисерката Краљевска.

Првата реприза ќе се игра во понеделник со почеток во 18 часот во Центарот за културата, бидејќи театарот сè уште се реконструира.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.